Законот за социјално претпримеништво е во завршна фаза, истакна на денешната прес-конференција министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој одговараше на новинарско прашање, до каде е постапката за донесување на новиот Закон за социјално претпримеништво. Забележа дека за кратко време ќе биде завршена целата процедура од страна на сите кои учествуваат во негова изготовка.

- Усогласување е направено со сите институции со кои се спори. Наша цел е секој Закон којшто ни ги отвара вратите на оваае Европска унија да се подготват и истовремено да ги поминуват сите филтри од нашето министерство во Влада и до Парламент. Мислам дека за кратко време ќе биде и целата оваа процедура завршена, вели Лимани



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 15:40