Новоизбраните членови на Судскиот совет, Данка Ристова и Аритон Ала, денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Африм Гаши, соопшти собраниската прес-служба.
Претходно, свечена изјава пред Гаши даде и новиот член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Ардијан Демири.