Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе и помогне на новата сириска влада во формирањето на државната структура и изготвувањето на новиот устав.
По враќањето од состанокот Д-8 во Египет, Ердоган најави дека турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан наскоро ќе го посети Дамаск за да разговара за „новата структура“, но не откри повеќе детали.
Турскиот претседател се надева дека формирањето на новата сириска влада, предводена од Ахмад ал Шара, попознат како Абу Мохамед ал Џаулани, ќе означи почеток на ново ниво на билатерални односи меѓу Турција и Сирија.