Претседателот на Франција, Емануел Макрон и оддаде почит на борбата на Жизел Пелико, еден ден по завршувањето за масовно силување во Авињон, во кое нејзиниот поранешен сопруг беше прогласен за виновен и осуден на 20 години затвор.

Благодарам Жизел Пелико. Во име на правдата, со крената глава се соочивте со судењето. За жените, кои секогаш ќе имаат пионер на кого ќе можат да се обратат и да се борат за неа. За сите нас, бидејќи вашето достоинство и вашата храброст ја поттикнаа и инспирираа Франција и светот, напиша Макрон на Икс.

Поранешниот сопруг на Жизел, Доминик Пелико призма вина дека речиси 10 години ја дрогирал поради силување и ѝ носел мажи да ја силуваат додека таа била во бессознание, а тој снимал.

Судот во Авињон вчера го осуди Доминик и уште 50 мажи, кои се осудени на казна затвор од три до 15 години.

Жизел претпоставува дека претрпела околу 200 силувања.

Случајот Пелико повторно ја поттикна дебатата за казненото законодавство поврзано со сексуалното насилство.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 22:25