Швајцарија и Европската унија денеска соопштија дека постигнале договор за унапредување на трговските односи, што ја отвора вратата за најголемата ревизија на билатералните односи во последните неколку години.
Швајцарската претседателка Виола Амхерд и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го објавија политичкиот договор на заедничка прес-конференција во швајцарската престолнина Берн.
„Денеска е донесена одлука за последните прашања... Многу ми е драго што дојдовме до добар заклучок“, рече Амхерд.
Фон дер Лајен го опиша договорот како историски и витален со оглед на геополитичките тензии.
„Во Швајцарија, како и во нашите 27 земји-членки, во ова предизвикувачко опкружување, силните партнерства како нашето не се само предност, тие се од суштинско значење“, рече таа.
Склучен по девет месеци преговори, договорот опфаќа области кои се движат од електрична енергија до државна помош, транспорт и слобода на движење.
Во фокусот на разговорите беше договорот за таканареченото „динамично усогласување“ на законите, според кое, Швајцарија е обврзана, во очекување на сопствените уставни гаранции, да го прилагоди своето законодавство на релевантните тековни промени во правото на ЕУ