Францускиот центар Матијас Лесор мораше да оди на операција по страшната повреда што ја заработи на натпреварот против Басконија.

Асот на Панатинаикос ја скрши потколеницата и ќе пропушти околу четири месеци, а паузата може да биде и подолга.

Лесор потенцијално би можел да биде подготвен за Ф4, доколку неговиот клуб се пласира во финалето, а плејофот почнува на 22 април.

-Матијас Лесор беше успешно опериран во петокот наутро во болницата ХИГЕИА за да се санира повредата на левата нога. Операцијата ја изврши нашиот тимски лекар, ортопедски хирург Атанасиос Конидис, соопштија од грчкиот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 23:02