Судот во Палермо го ослободи италијанскиот вицепремиер Матео Салвини од обвиненијата за „„грабнување и несовесно извршување на должноста“, поврзани со блокирање на спасувачки брод со мигранти. Случајот датира од август 2019 година.

Салвини, кој тогаш беше министер за внатрешни работи, го спречи бродот на шпанската невладина организација Оупен Армс (Open Arms) да се закотви во Италија, задржувајќи ги мигрантите на бродот речиси три недели.

На крајот, бродот со околу 150 мигранти од Африка, кои го преминаа Средоземното Море во обид да стигнат до Европската Унија, доби дозвола да се закотви на италијанскиот остров Лампедуза.

Салвини е лидер на десничарската партија Лига и е еден од централните фигури во коалицијата на премиерката Џорџа Мелони.

При пристигнувањето на суд, Салвини, како што известува Дојче веле“ покажал пркос наместо каење.

„Се борев против масовната имиграција и каква и да е пресудата, за мене денеска е убав ден затоа што сум горд што ја бранев својата земја“, им рече тој на новинарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 23:08