Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2024 05:13