Албанската влада на посебна седница го изгласа нормативниот акт за неколку измени на државниот буџет за 2024 година, со кои меѓу другото се предвидени средства за исплата на пролетен бонус, односно еднократен финансиски надоместок на пензионерите.

Пензионерите се поделени во две групи, па на пролет сите оние чија месечна пензија е под 20 илјади лека ќе добијат бонус од 10 илјади леки или 100 евра, додека во втората група се оние чија месечна пензија е над 20 илјади лека и ќе добијат по 50 евра.

Вкупно 724.933 пензионери веќе добија новогодишен бонус и тоа оние од првата група, или 511.173 по 150 евра, додека од втората група по 100 евра или 213.760 пензионери.

Инаку, со одлуката на владата на пролет еднократна финансиска помош во износ од по 150 евра ќе им биде доделена на сите семејства корисници на социјална помош, лицата со инвалидитет и нивните старатели.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2024 15:54