Тандемот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис може да не настапи на натпреварот со Детроит пистонс.
Учеството на двете ѕвезди на Лејкерси на утрешниот натпревар на домашен терен е доведено во прашање.
Џејмс во последно време има проблеми со стапалото.
Дејвис, на средбата со Сакраменто ноќта сабота кон недела, ја влоши повредата на рамото што првпат ја заработи на 15 декември на натпреварот со Мемфис.
Лејкерс со биланс 16 победи и 12 порази во моментов се на 6.место во Источната конференција на НБА-лигата