Последнопласираниот тим во Серија А Монца го отпушти денеска тренерот Алесандро Неста.
Прославениот 48-годишен поранешен италијански фудбалски репрезентативец ја напушти клупата на Монца по неделниот пораз на домашен терен од Јувентус со 1-2, но и поради негативната серија од почетокот на сезоната.
Монца од почетокот на сезоната има само една првенствена победа со седум нерешени и девет порази.
Легендарниот играч на Лацио и Милан, кој одигра 78 натпревари за италијанската репрезентација, пред Монца беше тренер на Мајами, Перуџа, Фросиноне и Реџана.
Во Монца, Неста го замени Паладино и тоа беше негово прво тренерско назначување во Серија А во неговата кариера.
Италијанските медиуми пишуваат дека главен фаворит за нов тренер на Монца е Салваторе Бокети, поранешниот помошник тренер на Верона.