Извршниот директор на Формула 1 му даде совет на Луис Хамилтон, кој се сели во Ферари.
Доменикали кој е поранешен прв оперативец на тимот на Ферари, разговарал со Хамилтон за претстојната работа во новата средина.
- Тој учи италијански и се обидува да сфати како да се интегрира во нашата култура. Му реков дека ова е клучната точка. Ферари има поинаква средина во споредба со она што го имаше претходно, рече Италијанецот.
Доменикали зборуваше и за идниот партнер на седумкратниот шампион, Шарл Леклер:
- Се разбира, ќе мора да прифати дека нема да биде лесно со партнер како Луис. Во исто време, Луис е во потрага по рекорд на титули, несомнено ќе може да ја донесе сета своја позитивност. Тие многу се сакаат - се надевам дека ќе биде така на крајот на сезоната, нагласи Доменикали.
Хамилтон по 12 години поминати во Мерцедес, одлучи да направи трансфер во Ферари.