Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ може да го пропушти божиќниот натпревар против Минесота.

Според „ESPN“, 25-годишниот Словенец може да го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Тимбервулфс. Тој претходно пропушти два натпревари поради повреда на петицата, иако играше во понеделникот против Портланд.

Дончиќ сезонава играше на 21 натпревар во НБА лигата, со просек од 28,8 поени, 8,5 скока и 8,1 асистенции.

Натпреварот Далас – Минесота е закажан за вечер со почеток во 20:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2024 13:01