Кошаркарот на Феникс санс, Девин Букер, нема да игра на божиќниот меч против Денвер поради повреда на препоните, пренесува „ESPN“.
Дваесет и осумгодишниот Американец се повреди минатата недела на натпреварот против Индијана. Во неделата Букер не играше против Детроит, а исто така го пропушти и мечот со Денвер на гостински терен ноќта понеделник кон вторник.
Натпреварот Феникс - Денвер ќе се одигра утре со почеток во 4:30 часот.
Сезонава Букер настапи на 26 натпревари во НБА-лигата, со просек од 25,1 поен, 3,7 скока и 6,4 асистенции.