На српскиот министер за информирање и телекомуникации Дејан Ристиќ синоќа му беше забранет влез во Косово.
Во соопштението на Министерството се наведува дека иако посетата на Ристиќ била најавена во согласност на процедурите, него еден час пред да пристигне во Косово му е забранет влезот.
Предвидено беше Ристиќ да присуствува на денешното одбележување на неделникот „Јединство“, единствен печатен медиум на српски јазик во Косово.
Српските власти забраната за влез ја оценија како „уште еден нескриен пример за кршење на правото на слободно движење, слободата на јавно информирање и слободата на изразување“.