Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи, информираат од Град Скопје.

- За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија - Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за увид, за исклучителни резултати во реализација на бројните работни задачи, со што има значаен придонес во остварувањето на полициската работа, Кире Стојановски од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како пожарникар спасител кој се истакнал во акциите на неговата бригада во која е од 2015 година, и Миле Петковски крводарител од Скопје, кој има евидентирани 115 дарувања во рамки на крводарителски акции и како редовен учесник во бројни хуманитарни акции мотивира со својот личен пример, се вели во соопштението од Град Скопје.

Градоначалничката и присутните им посакале на наградените добро здравје и успеси во новата година, со желба да продолжат со својата храбра и посветена работа во интерес на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2024 14:30