Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на актуелната тема односно акцијата спроведена од страна на Министерството за внатрешни работи поврзана со истрагите за Државната лотарија.

Проданоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција предупредувала дека сериозно е исполитизирано обвинителството и судството и дека ова е најмалку што можела да го направи оваа Влада за покренување на обвинителството за да ги поднесе кривичните пријави и нагласи дека при ова акција немало театар.

„Ако земеме во обзир дека ние повеќе години наназад како партија предупредувавме дека е сериозно исполитизирано и судството и обвинителството сметам дека е најмалку што можеше да направиме да на некој начин го покренеме обвинителството да направи некој чекори во покревањето на кривична пријава. Можам да ја потврдам тезата дека е поразлично и дека е поинаку при овие кривични пријави немаше драма немаше театар“, рече Проданоски.

Пратеникот исто така посочи дека полицијата бележи историски напредок во разоткривањето на криминалот од висок степен и дека ова е тоа што граѓаните сакаат да го видат а впрочем за тоа и гласале.

„На добро изградени случаи мислам дека овој е историски напредок на полициските службеници во разоткривање на криминалот од висок степен и мислам дека одиме во вистинска насока, нашите граѓани гласаа за ова, гласаа за да има правда во оваа држава и сметам дека се движиме во вистински правец без политички примеси во дејствувањето на одредени органи“, објасни Проданоски.

Проданоски нагласи дека заради нарушувањето на системите во изминатите години државата е дојдена до ваква ситуација и дека иселувањата се врз основа на несигурноста во системот а не од економска природа.

„Ние заради нарушување на сите системи кои постоеја во минатото дојдовме до една ваква ситуација да белата чума е толку распространета. Последните иселувања се врз основа на она што значи несигурност во системот а не од економска природа“ дециден е Проданоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2024 02:24