Директорот на украинскиот Центар за борба против дезинформациите, Андриј Коваленко денеска на Телеграм објави дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“, што вчера се урна во близина на казахстанскиот град Актау, бил погоден од руска противвоздушна одбрана.
Тој упати критика кон Русија поради тоа што не го затворила воздушниот простор над главниот град на руската република Чеченија, Грозни, што можело да ја спречи трагедијата.
- Авионот беше оштетен од Русите и беше насочен кон Казахстан наместо итно да слета во Грозни и на тој начин да спаси животи, додаде Коваленко.
Во авионот имало 67 лица, а според првичните информации загинале 38 лица.