Финансиската полиција денеска го уапсила директорот на фирмата „Ритрон Копи“ која добиваше тендери на сомнителен начин од Државната лотарија, пренесува Телевизија Алфа.
Сопственикот со иницијали А. А е однесен во обвинителстовото на распит. Ова го потврди и министерката за финансии Димитриеска Кочоска во Собранието на пратенички прашања, без да открива дополнителни детали.