Познатиот албански професор по криминалистика, Ервин Карамучо гостувајќи во емисијата „Топ стори“ на Топ чанел телевизија, изјави дека Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, има на располагање еден од најнапредните системи, каков што имаат европските органи на прогонот.

Според него станува збор за „Cellebrite“, израелска разузнавачка компанија која распознава мобилни телефони, и покрај тоа што политичарите од неодамна почнале да ги менуваат.

-Ќе кажам од техничката страна, СПАК има еден од најнапредните системи што го имаат неколку европски органи, без разлика дали се работи за воено или полициско разузнавање. Cellebrite, ова име беше тајно до пред извесно време, но, беше објавено и стана познато на јавноста. Тоа е израелска разузнавачка компанија која е успешна во отклучувањето на овие мобилни телефони за пристап до iCloud, дури и на претходните телефони. Луѓето сами одлучуваат кој со кого комуницирал, самите го цртаат дрвото, рече Карамучо, кој е еден од најпознатите експерти по криминалистика во земјата.

Додава дека ова веќе почнало да се користи и оти успешно функционира.

-Ќе биде голем предизвик за сите, има сознанија дека наши политичари и бизнисмени ги менуваат мобилните телефони, им нема спас, се чини забораваат дека има многу методи кои одат до таму, до каде што не можете да замислите, за да дојдат до доказ кој никогаш не се брише, посочи тој.

Во врска со случајот со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, не коментираше наведувајќи дека е во прва фаза, но нагласи дека одземените телефони ќе ги дадат резултатите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2024 03:03