НБА тимот Сакраменто Кингс го отпушти својот тренер, Мајк Браун (54). Тој беше на чело на тимот трета сезона, а во првата кампања (2022-2023) успеа да се квалификува во плеј-офот. Потоа беше прогласен за Тренер на годината во НБА. Браун минатата година потпиша тригодишно продолжување на договорот од 30 милиони долари.

Сакраменто е 12-ти од 15 тима во Западната конференција, откако има пет порази на домашен терен, последниот од Детроит Пистонс.

-Ова беше тешка одлука и сакам да му се заблагодарам на Мајк за неговиот придонес во тимот, изјави генералниот директор на Сакраменто, Монте Мекнер.

Неговиот помошник, Даг Кристи, ќе биде привремен тренер на тимот, кој и самиот играше 15 сезони во НБА, од кои четири и пол беа во Сакраменто.

Браун има 107 победи и 88 порази за повеќе од две години на чело на Сакраменто. Пред тоа беше помошник тренер во Голден Стејт.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2024 04:06