Попладнево околу 16 часот се запали сува трева на неколку места на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес.
Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес, пожарот кај нив бил пријавен од граѓани во 16.03 часот, а кипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес веднаш излегла на терен и за неполни 30-тина минути го изгаснале огнот, со што спречиле да се прошири кон блиската борова шума кај Филтер станицата за вода.