Цените на гасот на европската берза ТТФ годинава пораснаа за околу 45 отсто и се очекува да продолжат да растат, особено поради прекинот на испораката на руски гас преку Украина од 1 јануари.

Гасот што се испорачува преку Украина претставува помалку од пет проценти од вкупните потреби на Европа за овој енергенс, но неговата загуба дополнително ќе го оптовари и онака тесниот пазар, пренесува Трејдинг Економикс.

Како што се наведува, февруарските фјучерси на гас на берзата ТТФ денеска во 11:50 часот се продаваа по цена од 49,035 евра за мегават-час, што е највисока цена во последните неколку недели



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2025 20:50