Унгарското претседавање со Советот на Европската унија беше посебно, активно и стратешко, изјави денеска унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока.

„Претседавањето беше посебно затоа што имавме за цел да спроведеме одлучна и силна европска политика“, рече Бока во видео пораката на Фејсбук.

Тој оцени дека унгарското претседателство со Советот на ЕУ било активно поради низата иницијативи на Будимпешта, пренесува МТИ



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2025 21:18