Американскиот милијардер Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида, каде Трамп приреди гала вечера.
Маск го носел на раменици својот четиригодишен син кога пристигнал на имотот на Трамп, објави американски „Сан“.
Лара Трамп, сопругата на синот на Трамп, Ерик, пееше серенада пред околу 300 гости.
Таа изведе кавер на песната „I Won't Back Down“ на Том Пети.
На приемот присуствуваа и новоизбраниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс и сенаторот Тед Круз.
Маск наводно живее во луксузна куќа на имотот Мар-а-Лаго за да може постојано да биде во близина на новоизбраниот претседател