Околу 10:45 часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница со проширена дејност во Кочани, се родило првото бебе во новата 2025 година. Се работи за машко дете, трето во семејството на родилката.

Од Болницата истакнаа дека бебето се родило со тежина од 3,7 килограми, должина од 51 сантиметар. Породувањето го извела дежурната екипа на Одделението со лекарите Илчо Атанасовски и Адријана Лазарова и акушерките Дивна и Катерина.

Неколку часа пред Новата година, во болницата во Кочани се родило и женско бебе.

Новогодишната ноќ поминала релативно мирно. На Итна медицинска помош биле прегледани 28 пациенти, немало случаи со интоксикација



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2025 02:52