Претседателот на САД Џо Бајден, го доделува второто највисоко цивилно признание во земјата на 20 луѓе, на закажана церемонија денеска во Белата куќа.

Меѓу примателите на претседателскиот граѓански медал се конгресменот Бени Томпсон, демократ, и поранешната конгресменка Елизабет Чејни, републиканка, кои ја водеа конгресната истрага за нападот на Капитолот на САД од 6 јануари 2021 година, извршен од страна на толпа подржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, со намера да го спречи потврдувањето на победата на Бајден на изборите 2020 година.

Трамп, кој победи на изборите оваа година и доби нов мандат кој му започнува од 20 јануари, пртеходно побара Томпсон и Чејни да бидат затворени.

Чејни „го крена гласот... за да ја одбрани нашата нација и идеалите за кои се залагаме: Слобода, достоинство и пристојност, се вели во денешното соопштението на Белата куќа.

Се додава дека Томпсон е „на чело на одбраната на владеењето на правото со непоколеблив интегритет и цврста посветеност на вистината“.

Претседателскиот граѓански медал се доделува од 1969 година на граѓаните „кои извршиле подвизи во служба на својата земја или своите сограѓани“.

-Претседателот Бајден верува дека овие Американци ги поврзува нивната заедничка пристојност и посветеност да служат на другите. Државата е подобра поради нивната посветеност и пожртвуваност, се наведува во соопштението.

Меѓу останатите добитниците се и Мери Бонауто и Еван Волфсон, кои работеа на легализирање на истополовите бракови во САД



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2025 04:01