Првородените бебиња во Струмица во новата година се машки близнаци. Попладнево, десетина минути пред 17 часот, на Одделението за гинекологија и акушерство при струмичката болница на свет ги донесе мајката Ѓоргина Стојчева од село Моноспитово, Општина Босилово.

Првото бебе се родило во 16:45 часот со тежина од 2.480 килограми и долго 49 сантиметри, а второто пет минути подоцна со тежина од 2,3 килограми и исто така долго 49 сантиметри.

Ова е прва рожба на мајката Ѓоргина, а породувањето го изврши д-р Соња Балџиева.

Инаку, среќниот татко на фејсбук објави дека близанците ќе ги носат имињата Јован и Јане.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2025 04:03