Најмалку 40 луѓе се спасени, а 50 успеале да ја напуштат зградата во која денеска избувна пожар во населбата Бунданг, јужно од Сеул, соопштија локалните власти.
Според извештаите, неколку луѓе се уште се заробени во осумкатницата, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот со околу 80 возила, пренесува јужнокорејска новинска агенција.
Засега не се знае дали има жртви, ниту што го предизвикало пожарот.