Италијанската премиерка Џорџа Мелони го бранеше американскиот милијардер Илон Маск од критиките од другите европски метрополи, опишувајќи го како „брилијантен човек“, пренесе ДПА.
- Тој е главна фигура на нашето време, извонреден иноватор кој секогаш ја има на ум иднината, рече таа во интервју за италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ објавено денеска.
Лидерката на десничарската партија Браќа на Италија зборуваше и за нејзиниот личен однос со основачот на Тесла, велејќи: „Дефинитивно сме двајца луѓе кои имаат многу добри односи“.
- Тој е брилијантен човек и секогаш е многу интересно да се занимаваш со него, рече Мелони.
Од победата на Трамп на претседателските избори во САД, Маск се повеќе се обидува да влијае на политиката во Европа со изјави на различни канали.