Поглаварот на албанската автокефална православна црква, Архиепископ Анастас Јанулатос, поради влошена здравствена состојба пренесен е на специјализирано лекување во Грција.

Тој на 30 декември беше хоспитализиран во болница во Тирана, поради, како што беше соопштено, тешка форма на грип.

Според медиумите, состојбата на архиепископот Јанулатос моментно е стабилизирана и тој е под контрола на лекарите во болницата „Евангелизам“ во Атина.

И во ноември 2020 година, кога се зарази со Ковид-19, архиепископот се лекуваше во истата болница.

Неговото Блаженство Анастас Јанулатос од Грција во Албанија пристигна по падот на комунистичкиот режим, во 1991 а година подоцна или од јуни 1992 година е на чело Автокефалната православна црква на Албанија или како што му е официјалната титула Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2025 03:49