Скопје е најзагадениот град во светот синојќа. Според податоците на платформата IQAir, која ги следи нивото на загаденост, главниот град на Македонија се наоѓа на првото место по концентрацијата на штетни честички.
Нивото на PM2.5 е моментално 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација.