Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике го оцени настапот на неговиот тим во досегашниот дел од Лигата на шампионите.
- Мислам дека имавме добра прва полусезона, во добра позиција сме. Моите амбиции во секоја сезона се исти: сакаме да ги освоиме сите трофеи - тоа е целта. Секако дека ќе биде многу тешко, но ние сме решени. Што се однесува до нашите резултати во Лигата на шампионите, јас сум мирен. Ми се допадна она што го видов и имам чувство дека ќе продолжиме да се подобруваме. Јасно е дека нашите резултати не се сосема природни, но ова е фудбал. Нашиот менталитет е да сакаме повеќе и да се подобруваме, изјави Енрике.
Парижаните по шест кола се на 25. место на табелата со седум освоени бодови.