Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка ја освои втората титула на турнирот во Бризбејн и проговори за чувствата од победата.

- Дефинитивно се чувствувам удобно. Ќе бидам физички и психички подготвена за Австралија опен. Многу сум задоволна од тоа како помина оваа недела. Многу е важно што со трофеј одам на голем турнир, рече Сабаленка за „WTAtennis.com“.

Денес во финалето Сабаленка ја победи 21-годишната Полина Кудерметова.

Белоруската тенисерка по четврти пат ја освои титулата во Бризбејн, Австралија. Таа исто така е двократен бранител на титулата на Австралија опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2025 05:02