Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден во телефонски разговор му се заблагодари на канадскиот премиер Џастин Трудо за се што направил за зајакнување на односите меѓу САД и Канада, соопшти денеска Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека Бајден посочил дека Трудо во последната деценија ја водел Канада со посветеност, оптимизам и стратешка визија.

Бајден рекол дека сојузот САД-Канада е посилен поради залагањето на Трудо, како и дека тој придонел за безбедноста во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2025 05:25