Со секое бледо напишано соопштение, СДС само си ја потврдуваат нивната неспособност и тоа дека за седумгодишното владеење не направиле ништо за намалување на загадувањето на воздухот.

СДС за седум години власт, да се грижеа за амбиенталниот воздух и животната средина, колку што се грижеа за местење матни тендери од кои профитираа милиони, до сега ќе се видеа првите резултати.

Затоа што, на сите им е јасно, дека загадувањето на воздухот не е проблем што се решава со брзи решенија од денес за утре, туку тоа е проблем кој бара системски решенија кои даваат резултат на среден и долг рок.

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна власт со чесен пристап ко граѓаните, не ветува дека веднаш, со магично стапче ќе го исчисти воздухот, затоа се обврзува на долгорочна и системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето.

За таа цел потребно е промена на начинот на затоплување на домовите, што подразбира повеќе користење на еколошки горива, меѓу кои и централно затоплување, а затоа е потребно да се изградат гасни централи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на изградба на такви гасни централи, а веќе има и заинтересиран инвеститор.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2025 03:50