Барселона успеа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, по одлуката на судот во Шпанија.
„Судот и одобри регистрација на Барселона со мерки на претпазливост. Дани Олмо и Пау Виктор се веќе достапни за вечерашниот натпревар“, пренесуваат шпанските медиуми.
Најголеми противници за регистрација на Олмо и Виктор беа Севиља, Атлетико Мадрид и вечерашниот противник на Барса, тимот на Атлетик Билбао.
Оваа сезона Дани Олмо постигна шест гола со една асистенција, на 15 натпревари на кои настапи за Барселона. Виктор, пак, одигра уште два натпревари, постигна два гола и забележа една асистенција.