Премиерката на Италија, Џорџа Мелони на годишната прес-конференција во Рим изјави дека САД немаат намера „насилно да ги анектираат“ Гренланд и Панамски Канал, толкувајќи ги изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како порака насочена кон Кина.

- Исклучувам дека САД насилно ќе присоединат територии од нивни интерес во наредните години … Изјавите на Трамп првенствено претставуваат порака насочена кон другите големи сили … Зборуваме за две територии каде што влијанието на Кина расте во изминатите години, посочи Мелони, која на 4 јануари имаше средба со Трамп.

Таа се осврна и на американската поддршка за Украина, која според неа нема да се намали.

- Искрено, не гледам дека САД се повлекуваат, наведе Мелони, додавајќи дека Трамп изјавил: „Бидејќи го сакаме мирот, нема да ја напуштиме Украина“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2025 06:29