Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија каде речиси секоја година се случуваат инциденти. Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп
Стојанов е еден од најголемите бугарски активисти и негатори на Македонците. Тој во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.