Полициски службеници вчера по претходно преземени оперативни мерки лишиле од слобода едно лице од Турција кое било барано со меѓународна потерница од Интерпол, поради бегство од затвор во Турција.

Како што соопштуваат од МВР, лицето А.С. бил осуден на казна затвор во траење од 23 години за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем.

– На ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол - Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција, стои во соопштението на МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2025 02:59