Општина Штип за парите од вториот заем од кредитот од Унгарија ќе конкурира со девет проекти. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека вредноста на овие проекти се околу шест и пол милиони евра.

- Проектите со кои ќе конкурираме се за изградба на нов мост кај Кежовица, потоа парк кај Кежовица, реставрација и осветлување на тврдината „Исар“, летна сцена и памп трака кај населбата Осми Ноември, потоа картинг патека кај Ново село, главен резервоар за Филтер станицата, Скада систем, платформа за паркирање кај црквата „Свети Никола“ и пробивање и изградба на нова улица до штипската Клиничка болница, вели Јорданов.


Штип со девет проекти ќе конкурира за искористување на средствата од унагрскиот заем

Новата платформа кај црквата „Свети Никола“ ќе биде за 40 возила, со што ќе се намали и метежот во централното градско подрачје, а Скада системот ќе овозможи и намалување на загубите на водата за пиење, кои во моментов изнесуваат околу 60%. Јорданов истакна дека благодарение на поддршката, која што централната власт ја дава на локалните самоуправи, вклучувајќи ја и Општина Штип очекува 2025 година во Штип да има забразан развој, како и реализација на низа капитални проекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2025 03:40