Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, по победата од 1:0 над Борусија Менхенгладбах изјави дека можеби ќе остане во тимот.
Договорот на германскиот интернационалец со Баварците истекува на лето и тој може да замине како слободен играч.
-Шансите да останам се многу поголеми од минатото лето бидејќи гледам како играме. Тренерот многу помогна во тоа. Цела Германија гледа дека играме различен фудбал. Работите изгледаат многу подобро. Забавно е да се тренира и игра заедно, изјави Кимих.