Украинската противвоздушна одбрана во текот на изминатата ноќ соборила 60 од 94-те лансирани беспилотни летала од Русија, соопшти денеска украинската армија, пренесоа британските медиуми.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на каналот Телеграм соопштија дека 34 од беспилотните летала се „изгубени“, термин што го користи украинската војска за да означи дека тие биле цел на уредите за електронско војување што ги пренасочило од нивниот курс во акцијата без да нанесат штета.

Укринформ пренесе дека во Киев и во голем број региони на Украина е објавено водушна тревога поради нападите на руските беспилотни летала.

Русија објави дека зазела две населби во источна Украина.

Според соопштението на Министерството за одбрана во Москва, цитирано од руските меидуми, станува збор за селата Јантарное во Доњецката област и Калиново во Харков.

Податоците за ситуацијата на бојното поле се уште не можат да бидат потврдени од независен извор, пренесуваат британските медиуми.

Руското МО дополнително извести дека во текот на изминатите 24 часа, руските сили ги нападнале украинските воени аеродроми.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2025 05:27