Тајландската влада денеска одобри нацрт-закон за легализирање на казината, како што е наведено, со цел да се поттикне туризмот и да се зајакне економијата.

Некои облици на коцкање, како што е обложувањето на трки со коњи, досега беа дозволени, но казината останаа нелегални во оваа југоисточна азиска земја.

Во предлог-законот се наведува дека на казината ќе им биде дозволено да работат во комплекс кој вклучува хотели, конгресни сали, трговски центар или тематски парк.

Помладите од 20 години нема да можат да пристапат до казината, кои ќе бидат бесплатни за странците, но граѓаните на Тајланд ќе мора да платат 5.000 бахти (145 евра) за влез.

Туризмот е главниот двигател на тајландската економија и отсекогаш бил во фокусот на интересот на локалните власти.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2025 19:02