Индонезија планира да донесе регулатива со која би била одредена минимална старосна граница за пристап до социјалните мрежи поради заштита на децата, изјави индонезиската министерка за комуникации Меутја Хафид.

Таа не прецизираше колкава ќе биде минималната старосна граница за пристап до социјалните мрежи.

Хафид рече дека разговарала за плановите со индонезискиот претседател Прабово Субианто и дека тој и дал поддршка за заштитата на децата во дигиталниот простор. р



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2025 14:41