Репрезентацијата на Италија го совлада Тунис со 32:25 (17:11) и направи изненадување на стартот на Светското првенство 2025 во ракомет.

Со оваа победа, „азурте“ веројатно го заверија пласманот во главната фаза на Мундијалот.

Кај Италијанците најдобар беше Прантнер со десет гола, додека Булзамини и Менгон постигнаа по четири.

Во редовите на туниската репрезентација најефикасен беше Бен Абдалах со шест гола, а Мараф постигна четири гола.

Во 2. коло од групата „Б“, Тунис ќе се соочи со Данска, додека Италија игра против Алжир.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2025 03:48