Унапредување и зајакнување на соработката со ОПЕК преку Фондот за меѓународен развој и поддршка на проекти во земјава беа во фокусот на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-претседателот на Фондот Шаима Ал-Шеиби, којашто се одржа во седиштето на ОПЕК во Виена, каде министерката учествува на Форумот на „Инвисо“, информира Министерството за финансии.

На средбата таа ги посочила напорите што ги вложува Владата во реализација на инвестиции, како во јавниот така и во приватниот сектор со цел забрзување на економската активност и постигнување повисоки стапки на економски раст. Таа се осврнала на проектите на коишто се работи, како и на проектите за кои може да се развие соработка. Пред сѐ, станува збор за инвестиции во инфраструктурни проекти, како и за проекти во областа на енергетиката, здравството и сл

Притоа, и двете страни ги истакнале заложбите за продолжување и зајакнување на соработката во наредниот период и можноста преку ова партнерство да се обезбeдат средства за финансирање развојни проекти.

Фондот за меѓународен развој на ОПЕК е мултилатерална развојна финансиска институција која финансира проекти со цел стимулирање на економскиот раст и социјалниот напредок на земјите во развој. Досега Фондот на ОПЕК има инвестирано повеќе од 27 милијарди американски долари за развојни проекти во над 15 земји



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 02:23