Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата за прекин на огнот и договор за ослободување заложници меѓу Хамас и Израел, повикувајќи ги „целосно да го спроведат“ договорот.

„Двете страни мора целосно да го спроведат тој договор, како отскочна штица кон трајна стабилност во регионот и дипломатско решавање на конфликтот“, објави таа на X. „Ова носи надеж во цел регион, каде што луѓето предолго претрпуваа огромно страдање“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 03:49