Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Рандал Коло Муани пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус.

Оваа информација ја сподели новинарот и инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо францускиот и италијанскиот клуб се договориле за трансферот на напаѓачот и веќе ги потпишале сите документи. Се очекува двете страни официјално во текот на денешниот ден да го објават трансферот.

Коло Муани настапува за ПСЖ од 1 септември 2023 година, а неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2028 година. Оваа сезона 26-годишниот напаѓач има два гола и една асистенција на 14 натпревари.

„Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на играчот на 30 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 15:46