Пуштање во употреба на првите 40 -тина километри од автопатот Кичево Охрид, изградба на мост на реката Вардар кај Велес, реконструкции на седум мостови по должина на коридорот 10 на железницата, реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром се дел од приоритетните проекти на кои ќе работиме оваа година, истакна вицепремиерот Николоски.

“За мене најубавиот проект се новите авио линии, каде за брзо ќе излеземе и со нови информации. Тука е секако и привршувањето на реализацијата на првото рекреативно вештачко езеро во Источниот дел на нашата држава – езерото Отиња над Штип. Таму рокот на реализација е крајот на 2026 година, планирано е да почне да се полни во 2027 година и до летото 2027 година да почне да се користи за туристички цели. И секако тука се проектите со општините, каде вкупно имаме некаде околу 350 милиони евра, кои како дотации преку Министерството ќе бидат дадени на општините за да ги решат најголемите инфраструктурни проблеми на граѓаните”- истакна вицепремиерот Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 23:31